„Кит-Го“ продолжува со гарантирани цени до 15 мај


Маркетите на „Кит-Го“ одлучија да продолжат со истите цени како гарантираните цени на основните продукти до 15 мај. 

Инаку, Влада одлучи дека нема да ја продолжи мерката за гарантирани цени која заврши со последниот ден од февруари.  Од 1 март, цените во продавниците не се гарантирани, а властите уверуваат дека до ценовен шок нема да дојде затоа што сметат дека тоа ќе се реши со донесување на законот за нефер трговски практики.

„Ве известуваме дека ние како општествено одговорна компанија продолжуваме со истите цени како гарантираните цени на основните продукти и покрај тоа што добивме нови ценовници од некои добавувачи.  Оваа наша одлука ќе важи до 15.05.2024 или до донесување на новиот закон за не фер трговски практики“, велат од „Кит-Го“.

Оваа одлука за задржување на ганатираните цени на основните производи е за сите нивни потрошувачи во Македонија и  важи во сите продажни објекти на „Супер Кит-Го“ и „Кит-Го“ маркетите.

„Ние како општествено одговорона компанија секогаш се трудиме да ги овозможиме најдобрите понуди  со најдобри цени и секогаш се трудиме да имаме најдобри економски оправдани решенија“, додаваат од комапнијата.