Кишида: Јапонија ќе обезбеди 30 милијарди долари помош за Африка во следните три години


Јапонија ќе обезбеди вкупно 30 милијарди долари помош за Африка во следните три години, најави денеска јапонскиот премиер Фумио Кишида на меѓународна конференција во Токио.

Тој преку видео врска учествуваше на Токиската меѓународна конференција за африкански развој (ТИКАД), која се одржува денеска и утре во Тунис.

Кишида требаше да отпатува во Тунис за да учествува на конференцијата, но беше позитивен на тестот за Ковид-19 и затоа мораше да учествува онлајн. На негово место во Тунис е јапонскиот министер за надворешни работи Јошимаса Хајаши.

„Во следните три години ќе инвестираме 30 милијарди долари во развојот на африканските земји“, вети јапонскиот лидер и нагласи дека Јапонија на секој начин ќе и помогне на Африка. Тој рече дека ќе помогне и во обуката во африканските земји на најмалку 300.000 специјалисти од различни области, како што се земјоделството, здравството, образованието и правото.