Кисела Вода на нов протест: Уште колку деца треба да згазат на игла?


Граѓаните на скопската населба Кисела Вода утревечер повторно ќе излезат на протест со барање за дислокација на Центарот за зависности. Насекаде се залепени повици за масовност, со прашањето „уште колку деца треба да згазат на игла“ за да се удоволи на барањето?“.

Жителите на Кисела Вода и пред половина година излегуваа на протести, при што градоначалникот Филип Темелковски вети дека ќе го дислоцира објектот за многу краток период.

Пред извесно време, надлежните најавија преселба на Центарот во Гази Баба, но и таму се побунија граѓаните, па ситуацијата остана непроменета.