Кисела Вода аплицира со 16 проекти на вториот владин повик, во финална фаза се уште неколку

Општина Кисела Вода денес поднесе нови 10 апликации за проекти на вториот повик на Владата за финансирање на капитални инфраструктурни инвестиции, со што вкупниот број на поднесени апликации достигна 16. И овие, како и проектите кои беа одобрени со првиот повик и чија релизација е во тек, се насочени кон модернизација и развој на клучната општинска инфраструктура. Дополнително, во подготовка е документацијата за уште неколку капитални проекти чија реализација ќе значи траен белег врз урбаниот развој на Кисела Вода.
Новоподнесените 10 проекти се:
1.Атмосферска канализациона мрежа на дел од ул. Томе Арсовски од Шампионче со парк Бирарија на територија на Општина Кисела Вода;
2.Реконструкција на улица Жил Верн, општина Кисела Вода;
3.Реконструкција на улица 527, општина Кисела Вода;
4.Основен проект за Реконструкција на линиски објекти – Улица Саса со краци, улица Речиште со краци, улици во Герника и улица Иван Хаџиниколов на територија на Општина Кисела Вода- Опфат: Улица Иван Хаџиниколов со краци и улица Герника;
5.Основен проект за пешачки патеки со партерно уредување на просторот пред сала „Расадник“
6.Основен проект за Реконструкција на линиски објекти – Улица Саса со краци, улица Речиште со краци, улици во Герника и улица Иван Хаџиниколов на територија на Општина Кисела Вода -Опфат: Улица Речиште со краци;
7.Основен проект за Реконструкција на коритото на р.Мала Рада (Дното на коритото, довршување на венец на потпорни ѕидови и пешачка патека на насипот на р.Мала Рада);
8.Основен проект за Реконструкција на линиски објекти – Улица Саса со краци, улица Речиште со краци, улици во Герника и улица Иван Хаџиниколов на територија на Општина Кисела Вода – Опфат: Улица Саса со краци;
9.Основен проект за спортска сала (затворено спортско игралиште) – подрачно Основно училиште „Круме Кепески“ – Припор и
10.Основен проект за реконструкција на Атмосферски канал (Црн Канал) од ул. Малешевска 1 до Мала Рада во КО Драчево 2, општина Кисела Вода.
Потсетуваме дека претходно општината веќе аплицираше и за следните 6 проекти:
1.Основен проект за Реконструкција на линиски објект – дел од локален пат од мост Драчево до Охис на територија на општина Кисела Вода;
2.Основен проект за реконструкција на улица Киро Фетак во дел кај мостот;
3. Основен проект за доградба на ООУ “Невена Георгиева – Дуња“, општина Кисела Вода – Скопје и Основен проект за доградба на ООУ “Невена Георгиева – Дуња“, општина Кисела Вода – Скопје (втор дел – адаптација и новопланиран партер);
4.Новопроектирана „Улица 2“ и паркинг простор во КО Кисела Вода 1 (позади ООУ “Кузман Јосифовски Питу”) на територија на Општина Кисела Вода;
5.Основен проект за Реконструкција на ул. Томе Арсовски во ДУП за локалитет Бирарија на територија на општина Кисела Вода и
6.Основен проект за Реконструкција на ул. Фредерик Шопен во ДУП локалитет Бирарија на територија на општина Кисела Вода.
-Денес, поднесовме нови, дополнителни 10 апликации за капитални проекти на вториот владин повик за поддршка на општините. Заедно со претходно доставените шест, аплициравме со вкупно 16 проекти кои се од суштинско значење за развојот на нашата општина и подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните, а во завршна фаза на подготовка се уште неколку кои ќе ги поднесеме до крајно зададениот рок. Секоја апликација што ја подготвивме е резултат на темелна анализа на реалните потреби на терен, разговори со граѓаните, стручни проценки и визија за иднината. Аплицираме за изградба и реконструкција на улици кои со децении беа заборавени, за нови градинки, за подобрување на образовната инфраструктура, како и за уредување на јавни простори што ќе ја направат нашата општина поубаво и побезбедно место за живеење. Оваа поддршка што ја нуди Владата е мошне значајна бидејќи освен финансискиот момент, претставува и мотивација за сите нас, на локално ниво, да продолжиме да работиме со уште поголема посветеност и визија. Убеден сум дека поднесените проекти ќе бидат препознаени како квалитетни и издржани и дека Општина Кисела Вода ќе добие реална можност да ги реализира и овие инфраструктурни зафати кои ќе донесат видливи и конкретни резултати за граѓаните- изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.