Кисела средба: Пленковиќ го доби мандатот од Милановиќ за нова влада


 

Лидерот на ХДЗ и досегашен премиер на Хрватска, Андреј Пленковиќ, ја собра поддршката за мнозинство во новиот паралемнт и со 78 потписи утрово отиде кај претседателот Зоран Милановиќ. Потоа нему му беше даден мандатот да формира влада.

Средбата траела околу 15 минути, немало ракување пред камерите, а Милановиќ коментирал дека климата работи.

„По поднесувањето на потписите на 78 избрани пратеници на 11-то свикување на хрватскиот Сабор, ми беше доверен мандатот за формирање на хрватската влада. И во третиот мандат продолжуваме да работиме за добробит“, напиша Пленковиќ на социјалните мрежи.

Пленковиќ 61 потпис од пратениците на ХДЗ, 12 потписи од новиот партнер во владата, Татковинското движење, еден на Весна Вучемиловиќ и четири потписи на претставници на националните малцинства. Кабинетот на претседателот вчера соопшти дека е свикана првата седница на Собранието. Ќе се одржи во четврток на 16 мај.