Киро Урдин изложува во Антверпен- уметнички слики како ода за човечката сила наспрема пандемијата


Една од најстарите галерија во белгискиот град Антверпен- „ Црниот пантер“, е домаќин на изложба  со дела од нашиот уметник со француска адреса , Киро Урдин.

Централно место на изложбата има сликата „Табула раза“, која е со димензии 10 метри должина и 3 метри ширина, а изработена во маслена техника. Изложбата на Урдин вклучува околу 150 дела, од кои 118 работени во мал формат  и во маслена техника, 12 во техниката акварел и 20 други слики во среден формат.

Киро Урдин  ги изработел сликите за време на 14-месечната изолација, наметната од пандемијата со коронавирус . Делата се посветени на луѓето од целиот свет и со нив сликарот оддава почит кон човечката сила што се справува со здравствената криза, во која голем број луѓе го загубија животот.

Како дел од  изложбата што ќе биде отворена во „ Црниот пантер“, до 10 април, ќе бидат претставени и документарен филм и книга, со наслов „Табула раза“.