Русите напредуваат кон Бахмут и Авдиивка


Руските сили ја продолжуваат офанзивата во правец на стратешки важните украински градови Бахмут и ​​Авдиивка во источниот регион Донбас, објави украинскиот гувернер на регионот Доњецк, Павло Кириленко.

Гувернерот објави дека вчера во нападите на Бахмут загинал еден цивил.

„Русите ќе одговараат за сите злосторства направени во нашата земја“, напиша Кириленко.