Кирил Петков подголтна на прашањето на Би-Би-Си за Македонците во Бугарија


 

Без никаков одговор остана бугарскиот премиер Кирил Петков за време на познатата емисија на Би-Би-Си „Хард ток“, кога новинарот му забележа за правата на Македонците во Бугарија, споменувајќи ги пресудите на Судот за човекови права во Стразбур.

Петков во дел од разговорот ја повтори познатата бугарска теза од последниве 7-8 месеци, дека македонските Бугари немале еднаков третман во македонското општество, на што новинарот Стивен Сакур му реплицираше:

„Извинете, но немаат ни етничките Македонци во Бугарија. Всушност, Европскиот суд за човекови права имаше повеќе случаи по таа основа отколку за Бугарите во Македонија. Аргументите се слаби. Тука се наоѓате на лизгав терен“, рече британскиот новинар, очекувајќи појаснување на Петков.

Но бугарскиот премиер го одмолчи тоа.

Петков повеќе сакаше да зборува за она за што се согласиле со македонскиот премиер Димитар Ковачевски.  

„Добри вести се тоа што кога разговараме со премиерот на Северна Македонија целосно се договоривме дека Бугарите треба да имаат легални права кои ги имаат сите Македонци и останатите народи како што се Албанците, добра работа е што имаме разбирање околу тоа. Прашањето е како да се стигне дотаму и кој е патот јавноста во двете земји на тоа да се согласи“, рече Петков.

На директното прашање на новинарот дали сака Македонија да стане дел од Европската унија Петков одговори: „Апсолутно да!“