Кирил Џајковски пред концертот во НОБ: Прв пат ќе го споделам филмското искуство со македонската публика

За прв пат во живо со оркестар премиерно ќе се одржи концерт на филмска музика на Кирил Џајковски. Неговата работа како композитор на музика за филм беше придружен елемент на многу домашни и интернационални филмови меѓу кои: „Големата вода“ (за која доби награда за најдобра музика на филмскиот фестивал во Валенсија, Шпанија), „Прашина“, „Сенки“, „Балканот не е мртов“, „Врба“, „One more game“, „Бал-кан-кан“, „Piargy“, „Трето полувреме“ и многу други. На концертот Кирил Џајковски придружуван со 30-член оркестар под диригентската палка на Џијан Емин ќе ги изведе легендарните музички теми кои беа неизоставен дел од овие филмски остварувања.
Овој проект се реализира со поддршка на Генералниот спонзор Комерцијална банка АД Скопје, а проектот е поддржан и од Министерството за култура и туризам.
За неговите искуства, желби и планови за понатаму, во интервјуто тука