„Кино Влае“ шампиони на првиот турнир „Тројка за МЗТ“


Екипата „Кино Влае“ го освои првото место на првиот ФИБА 3×3 турнир што викендот се одржа во спортскиот центар „Ново Лисиче“.

Втората награда отиде во рацете на кошаркарите од „Терминатори“, а како третопласирана заврши екипата „Годсент“ од Битола.

Победниците добија парични награди во висина од 800, 400 и 200 евра.

Проектот е во организација на „3×3 Macedonia“, заедно со Кошаркарската федерација на Северна Македонија, Агенцијата за млади и спорт и Општина Аеродром.

„Овој настан уште еднаш покажа дека Аеродром со право го носи епитетот најспортска општина во земјава. Продолжуваме уште позасилено да ги поддржуваме сите спортови и да го развиваме спортскиот и натпреварувачки дух меѓу жителите на нашата општина, а истовремено на овој начин помагаме и во поттикнување на маалските дружења, особено во летите денови“, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.

Општината редовно вложува финансиски средства за поддршка на различните спортови, како и во изградба на модерни спортски игралишта по сите современи стандарди за безбедна игра и спорт на сите генерации.