Кинеските астронаути успешно ја завршија шестмесечната мисија во вселената


Кина– Тројца кинески астронаути со екипажот на вселенскиот брод Шенжу-13 ја завршија својата шестмесечна мисија на кинеската вселенска станица и безбедно се вратија на Земјата на 16 април, пренесува кинеската државна агенција Синхуа.

Кинеската агенција за вселенска програма за екипаж (CMSA) соопшти дека со мисијата Кина ја потврдила техничката подготвеност на својата вселенска станица, а исто така постави рекорд во должината на престојот на кинеските астронаути во орбитата.

Капсулата за враќање Шенжу-13 со астронаутите Џаи Џијанг, Ванг Јапинг и Је Гуангфу во саботата во 9.56 часот по кинеско време се приземји во областа Донгфенг, автономниот северен кинески регион во северна Монголија.

Тројцата астронаути беа извлечени од капсулата, сместени на столици, изгледаа опуштено и мавтаа кон екипажот на земјата.

Со „добредојдовте дома“ беа поздравени од насобраните кои со камери го овековечија историскиот момент за кинеската всленеска програма.

„Силата и моќта на нашата земја е она што ја изгради вселенската станица. „Горд сум на мојата голема татковина“, изјави Џаи, командант на мисијата за државната телевизија CCTV што вршеше пренос во живо од враќањето на астронаутите на Земјата. а