Кинески амбасадор во Русија: Повторното обединување на Кина со Тајван е поблиску од кога било
Повторното обединување на Кина со Тајван е поблиску од кога било, имајќи ја предвид силата на Пекинг да ја постигне таа цел, изјави кинескиот амбасадор во Русија Жанг Ханхуи за РИА Новости.
„Кина е поблиску од кога било претходно во историјата до постигнување на големиот препород на кинеската нација, полна е со самодоверба и има сила да ја оствари таа цел, како и уверување и сила да постигне повторно обединување на земјата“, кажа амбасадорот.
Ханхуи истакна дека Тајван повторно ќе се придружи на кинеската татковина, опишувајќи го тоа како историски настан кој „никој и ништо не може да го сопре“, истакнувајќи дека кинеската решителност во врска со националната одбрана, суверенитетот и територијалниот интегритет не смее да се потцени.
„Неуморно ќе ја следиме нашата насока „една земја, два системи“. Ќе го одржуваме долгорочниот просперитет и стабилноста на Хонг Конг и Макао. Сонародниците од двете страни на теснецот се едно семејство и никој не може да ги прекине нашите крвни и роднински врски. Никој не може да го сопре историскиот тренд на обединување на татковината“, порача Си.