„Кинематика“ – во светот на филмската музика на Дуке Бојаџиев
Доживејте незаборавно музичко патување кое ја слави магијата на филмската музика!
„Кинематика“ е уникатен концерт со кој Дуке Бојаџиев ја одбележува дваесетгодишната кариера како композитор за филмска музика. Со современи аранжмани и извонреден тим музичари, концертот ќе ве поведе низ најзначајните моменти од неговото творештво, пренесувајќи емоции и инспирација кои го прават секое негово дело посебно. На 7 февруари, во 20 часот, во Филхармонија.
Дуке Бојаџиев е композитор, пијанист и продуцент со меѓународна кариера што трае повеќе од две децении. По дипломирањето на Медицинскиот факултет во Скопје, ја следи својата страст кон музиката и студира на престижниот музички колеџ „Беркли“ во Бостон. Неговото патување продолжува во Њујорк, каде создава музика за филмови и настапува на светски познати сцени. Од Карнеги Хол до најголемите филмски фестивали во светот, Дуке Бојаџиев изгради уникатен пат како композитор, пијанист и продуцент. Неговата музика е спој на класичната традиција и современата иновација, секогаш истражувајќи ја врската помеѓу звукот и човечката емоција.
Изведувачи:
Дуке Бојаџиев – пијано
Злата Тошевска Димовска – сопран
Климент Тодороски – 1ва виолина
Милена Тодороска Мургоски – 2ра виолина
Марија Димитријевич – виола
Енис Аљи – виолончело
Мартин Ѓаконовски – контрабас
Павел Ренџов – тапани, перкусии