Кина регистрира најмал локален пренос на ковид случаи на дневно ниво


Кина– Кина денеска го потврди најмалиот локален број дневни ковид случаи во речиси два месеци. Претходно, беа воведени национални стратегии за затварање на цели заедници и деловни активности.

Земјата вчера имала 23 локални инфекции, а претходниот ден бројката изнесувала 43, со што четири дена по ред се намалува бројот на симптоматски случаи. Воедно, ова е и најмалата бројка на дневна основа од 29 ноември минатата година.

Под 10 случаи се регистрирани во централната провинција Хенан и во северниот град Тијанџин. На овие места во последните десет дена евидентирани се најмногу локални трансмисии во Кина.

Пекинг вчера извести за пет случаи, за две повеќе од претходниот ден.

Не е регистриран ниту еден нов смртен случај. Од почетокот на пандемијата, бројот на заразени случаи во Кина изнесува 105.484, како локални, така и увезени од странство.