Кина: Нема докази дека вирусот настанал во лабораторија


Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека Светската здравствена организација рекла оти нема докази дека вирусот ковид-19 настанал во лабораторија.
Ова го рече портпаролот на министерството Жао Лиџијан одговарајќи на обвиненијата дека вирусот, од кој заболеа повеќе од два милиони луѓе на Земјата, настанал во лабораторија во кинескиот град Вухан.
Алузија на потеклото на вирусот направија и американскиот државен секретар Мајк Помпео и претседателот на САД Доналд Трамп кој рече дека неговата Влада се обидува да одреди дали вирусот корона настанал во лабораторија во кинескиот град Вухан, пренесе Синхуа.