Кина ќе и достави два милиона маски на ЕУ


Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајан најави дека Кина ќе испрати  повеќе од два милиони заштитни маски на Европска Унија, која стана центар на пандемијата од новиот коронавирус.

Таа наведе дека тоа и го соопштил кинескиот премиер Ли Кечијанг во телефонски разговор.

– Се согласивме дека борбата против коронавирусот е глобална и дека мора да се помагаме во овие тешки моменти. Кина не ја заборави помошта што ја доби од ЕК во јануари, кога таа беше во центарот на епидемијата, посочи Лајан.

Таа наведе дека „набрзо“ очекува дека два милиони хирушки маски, 200.000 маски од типот Н-95 и 50.000 тестови за откривање на новиот коронавирус.

– Во јануари ЕУ испрати 50 тони медицинска опрема во Кина, посои Лајан.

И компанијата „Алибаба“ испрати маски во Франција и во Италија.