Кина го затвора најстариот аеродром во престолнината
Најстариот аеродром во Кина, отворен уште во 1910 година, за време на владеењето на династијата Чинг, се подготвува да престане со работа.
Имено, во кинеската престолнина се подготвува отворање на меѓународниот пекиншки аеродром „Дасинг“, идната најголема крстосница на светот, пренесе РТ.
Од новиот аеродром, чија цена изнесува 80 милијарди јуани (11,3 милијарди долари) и чија изградба траеше пет години, се очекува да стане најголем терминал на светот затоа што има површина од 700.000 квадратни метри. Целиот Меѓународен аеродром „Дасинг“ покрива површина од околу 47 квадратни километри, со четири писти и 268 места за застанување на авиони.
Новиот огромен аеродром, лоциран на 46 километри од плоштадот „Тјананмен“. се подготвува да опслужи 45 милиони патници годишно до 2021 година и 72 милиони патници до 2040 година.
Отворањето на аеродромот е закажано за 30 септември, ден пред 70-годишнината на народната Република, која Кина ја одбележува на 1 октомври.