Кина го победи корона вирусот? Четири месеци без смртни случаи, бројки за неверување!

Кинеските здравствени власти соопштија дека во таа земја ниту еден хоспитализиран пациент со вирусот корона не починал во последните четири месеци.

Претставникот на Националната здравствена комисија Гуо Јанхонг истакна дека ова е најсилниот доказ дека кинеските искуства, методи и стратегии во третманот на пациенти со коронавирус се добри, и ја пофали кинеската стратегија за спречување на ширење на КОВИД-19, објави Си-Ен-Ен.

Последниот пат кога кинеската Национална здравствена комисија објави смртност од вирусот корона, беше на 14 април, кога е регистрирана една смрт во покраината Хубеи, се вели во податоците на нејзината веб-страница.

Според worlodmeter.info, во моментов има 516 активни случаи. Од почетокот на епидемијата, заразени се вкупно 84.895, од кои 79.745 се опоравиле, а 4.634 починале.