Кина ги повика САД да престанат да „шират лаги“ за провинцијата Синџијанг

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска повика одредени американски политичари да престанат да „шират лаги“ поврзани со Синџијанг, автономната провинција во западниот дел на Кина во која мнозинството од населението се Ујгури.
Министерството реагираше на изјавата на американскиот државен секретар Марко Рубио, кој изјави дека односот на Кина кон Ујгурите претставува „геноцид и злосторства против човештвото“, пренесоа британските медиуми.
Портпаролот на министерството Лин Џијан ги нарече обвинувањата за геноцид и принудна работа „лаги на векот“.
Кина, исто така, одговори на изјавите на Рубио дека Кина можеби ги преплавува САД со фентанил и дека неговите зборови личат на „менталитетот од Студената војна“.
-САД постојано ѝ се закануваат на Кина, што самото ќе им се одбие од глава, рече Лин.