Кина донираше 310 таблети за учениците во Гази Баба

Кинескиот Амбасадор во Македонија Џанг Ѕуо донираше 310 таблети наменети за учениците кои немаат нагледни средства за да ја следат наставата он лајн. Таблетите ѝ беа донирани на Општина Гази Баба.

Амбасадорот Џанг Ѕуо нагласи дека пред глобалната пандемија, двете влади и народите на двете земји, си помагаа едни на други, за да ги надминат тешкотиите заедно. Кинеската страна се надева заедно со Северна Македонија да ја зајакнува општата соработка против пандемијата, економскиот развој, и подобрувањето на животот на луѓето.

„Вирусот не познава граници, но постои вистинска љубов која го грее светот. Воедно дозволете ми да Ви се заблагодарам почитуван градоначалнику г-дин Борис Георгиевски за Вашата помош и поддршка во реализацијата таблетите да дојдат во вистинските раце. Денес ги донираме овие таблети, во надеж дека ќе им помогнеме на децата, да ги надминат тешкотите за време на сегашниот тежок период, да продолжат внимателно со учењето и да напредуваат континуирано. Се надевам, наскоро, младите ќе прераснат во градители на просперитетот на Република Северна Македонија, и ќе бидат учесници во изградбата на пријателските односи меѓу Кина и Северна Македонија и соработници во изградбата на заедницата со заедничка иднина на човештвото, рече Ѕуо.

Од името на општина Газибаба се заблагодари градоначалникот Борис Георгиевски.