Ким Кардашијан ги покажа сите деца: Во сребрено издание на Бахами


САД– Реалити ѕвездата и највлијателна на социјалните мрежи Ким Кардашијан (38) ги покажа четирите деца за време на викендот на плажа на Бахами.

Псалм, 3 месеци и Чикаго, 19 месеци се добиени со сурогат мајка, а Сеин (3,5) и Норт (6) ги роди Ким. Во сребрен костим за капење се преслатки покрај мајката. Таткото, раперот Кање Вест снима во студио.

Ким Кардашијан е најпопуларна меѓу сестрите и има мултимилионски бизнис со козметика и модни додатоци.