Ким Џонг Ун се појави во јавноста – отворил фабрика за ѓубрива


Последната фотографија на Ким Џон-ун беше од 11 април кога присуствувал на состанок на партијата (Фото: КЦНА)

Севернокорејскиoт државeн медиум КЦНА објави дека Ким Џонг Ун се појавил во јавноста по пауза од 20 дена. Тој, наводно, отворил фабрика за ѓубрива, што ги натерало луѓето „гласно да извикуваат ‘ура’“, објави Би-Би-Си.

Јужнокорејската новинска агенција ЈНА исто така објави дека Џонг Ун ја отворил фабриката, како и фотографија од отворањето. На фотографијата е прикажан Јонг Ун како се смее и шета со луѓето.

Шпекулациите за неговото здравје започнаа откако тој не се појави на прославата на роденденот на неговиот дедо Ким Ил Сунг на 15 април. Ил Сунг е основач на Северна Кореја, поради што тој ден се смета за најважен датум на таа земја.

Јужнокорејскиот министер за Северна Кореја изјави дека Ким Јонг Ун ја прескокнал прославата затоа што се пази од корона вирусот, а не затоа што е болен. Сепак, никогаш до сега не се случило водачот на Северна Кореја да отсуствува од јавна церемонија за годишнината од раѓањето на Ким Ил Сунг.

Јужнокорејскиот „Дејли НК“ објави дека на водачот на Северна Кореја му била извршена операција на срцето и дека закрепнува во вила во Хјангсан, а Си-Ен-Ен на 21 април објави дека американските тајни служби ги следат информациите дека Јонг Ун е смртно загрозен поради направената хируршка операција.