Километарска колона на Плетвар поради сообраќајка


На патниот правец од Прилеп кон Кавадарци има километарска колона од возила.

Според информациите, сообраќајот е во застој поради сообраќајна несреќа.

Неофицијално се работи за сообраќајна несреќа помеѓу камион и автомобил.

Затворен е сообраќајот за товарни возила на магистралниот пат Кавадарци-Прилеп поради сообраќајка, потврди за МИА, Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
 
Сообраќајот се одвива непречено за патнички автомибили, преку алтернативен пат.
 
-Во 14:35 часот случена е сообраќајна незгода на магистрален пат Кавадарци – Прилеп во близина на село Раец, помеѓу влекач со албански национални ознаки и патнички автомобил марка ,Аауди А4″. Притоа, едно лице се здобило со повреди и со возило на Јавна здравствена установа Општа болница Кавадарци, е пренесено во кавадаречката болница, појасни Самарџиев. 
 

Само се пропуштаат возила кои се движат по Плетвар кон Прилеп и целиот пелагониски дел од земјава.