Киев го прослави Свети Никола за децата евакуирани од Бахмут
Српскиот политичар Ненад Чанак, кој во моментот е во посета на Киев, Украина сподели ексклузивни фотографии од предградие на главниот град на Украина, каде се гледа дека за децата евакуирани од Бахмут, во етно-куќа во предградите организираное дружење по повод празникот Св. Никола.

Како што пренесува klix.ba, на многу ниски температури, а во Киев било минус 7, поставен е шатор во кој се подготвува супа, која топла се дели на сите кои се во близина.
И во најтешките ситуации се настојува да им се помогне на децата пред сѐ, на некој начин да се израдуваат и да ја почувствуваат топлината на празниците.

Некои не знаат ни каде им се родителите, а на останатите родителите им се убиени меѓу бројните жртви на Бахмут, кој секојдневно е гранатиран.
Возрасни луѓе на фотографиите примаа деца од Бахмут и се грижат за нив. Им подготвија и сендвичи, мандарини и подароци.

„Кој и да ја поддржува војната на Путин добро нека го погледне ова оро и да го замисли своето дете во него. Сите, а особено православците (како што се Украинците), изјави за klix.ba Чанак, основач и повеќедецениски водач на Лигата на социјалдемократи на Војводина.
Чанак во моментот е во посета на Киев со пратеникот на Србија Александар Оленик.