Киднапираната студентка во САД најдена гола во подрум прекриена со јаглен


Студентка од Ута, која е прогласена за исчезната минатата недела, пронајдена е прекриена со јаглен во подрум од куќата на 39-годишниот Брент Браун.

Браун е уапсен и обвинет за киднапирање и силување, пишува Ен-би-си Њус.

Медлин Ален (19) последен пат е видена на 12 декември околу 21.22 часот како излегува од студентскиот дом. Пронајденa е по пет дена, во саботата вечерта, во подрум на куќа во округот Вејн.

Ален навела дека Браун го запознала на интернет и дека тој дошол по неа со возило вечерта кога таа исчезна. Ален на своите родители на 14 декември им пратила чудна порака во која само им напишала дека ги сака.

Родителите потоа ги контактирале надлежните служби и полицијата, која со помош на локализирање на нејзиниот мобилен телефон почнале потрага во одредени подрачја. Кога пришле до куќата на Браун, погледнале низ прозорците на подрумот и виделе дека таму има личност сo светла боја на косата и со ситна градба.

Ја држел во складиште за јаглен

Службениците чукнале на вратата, а Браун рекол дека во куќата нема никој освен него. Исто така, одбил да им допушти на истражителите да го ја пребараат куќата без дозвола од неговите родители, кои се сопственици на недвижноста.

Властите ги контактирале неговите родители и добиле дозвола за истрага на објектот. Во подрумот ја нашле студентката која Браун всушност ја криел во магацин за јаглен. Ален била гола и потполно прекриена со јаглен, се наведува во извештајот на полицијата.

Во подрумот е најден и пиштол. Браун наводно признал дека го исклучил телефонот на студентката откако ја собрал од студентскиот дом и дека ѝ го вратил само еднаш, за да им прати порака на родителите.

Ален навела дека Браун ја силувал повеќе пати, ја гушел, ѝ го покривал носот и устата со рака, а таа не можела да дише. Ѝ се заканил дека ќе му наштети на нејзиното семејство ако некому каже каде се наоѓа.