Кичо Слабинац пак на респиратор: Се подготвувавме за најлошото во неколку наврати


Хрватска- Крунослав Кичо Слабинац (76) кој беше познат во екс-ЈУ по хитовите „Zbog jedne divne crne žene”  и “Slavonska sam lola” , му вградија три бајпаси на крајот на јули. Сепак, состојбата се влошила, поради што тој бил приклучен на респиратор, пишува хрватскиот Јутарњи лист.

Познатиот музичар беше опериран во Универзитетскиот болнички центар Загреб, каде не се опорави како што беше планирано, поради проблеми со заздравување на градната коска предизвикани од прекумерна тежина. После тоа, Кичо, како што пишува Јутарњи лист, добил болничка инфекција, а потоа и пневмонија.

Тој успеа да се опорави. Сепак, раната на градите повторно се отвори. Кога лекарите успешно ја залечиле раната, Слабинац повторно добил воспаление и на крајот заврши на респиратор.

„За време на овие два месеци, семејството се подготвуваше за најлошото во неколку наврати“, изјавија пријателите на Кичо за „Јутарњи лист“.

Тешко е за семејството на музичарот и затоа што не можат да го посетат поради ситуацијата со коронавирусот.
„Слушнавме дека тој е повторно свесен, дека може да комуницира со очите и со стисок на раката… Тој сè уште не може да зборува поради цевката во грлото, но неговата состојба се подобрила во последните неколку дена“, откриваат пријателите на легендарниот пејач.