Кичевчанец тешко повреден во сообраќајка со велосипеди


Фото: Б.Грданоски

На регионалниот пат Кичево – Демир Хисар во близина на селото Пополжани, вчера во 12:45 часот се случила собраќајна незгода во која О.Н. (55) од Кичево се здобил со тешки телесни повреди и со медицинско возило е префрлен во Општата болница во Кичево, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Тој, управувајќи велосипед марка „Каприоло“, со предното тркало удрил во задното тркало на велосипедот што бил пред него, марка „Рог“, управуван од В.П.(54) од Кичево.

Увид на местотот на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Кичево.