Кичеец сепак побарал одложување на казната


Зоран Милески – Кичеец сепак од  Основниот кривичен суд во Скопје побарал одложување на издржувањето на затворската казна.

Од затворот „Скопје“ во Шуто Оризари потврдија дека тој се’ уште не се пријавил иако тоа требаше да го направи до вчера, на 12 октомври.

Тој на стартот на процесот „Рекет“ призна вина по што веднаш ја доби и пресудата, тригодишна затворска казна.Кичеец првично беше во куќен притвор, а по поднесувањето на гаранцијата во недвижности од 13 милиони денари, куќниот притвор му беше укинат.