Кети Пери и Орландо Блум добија ќерка, Дејзи Доув Блум


САД– Поп-ѕвездата Кети Пери и актерот Орландо Блум добија ќерка и ја крстија Дејзи Доув Блум.

Како амбасадори на добра волја , двојката ја објави веста преку официјалната страница на Твитер на УНИЦЕФ, заедно со првата слика на Дејзи.

Кети Пери (35) пред девет месеци, со објава на „Твитер“на своите фанови им напиша дека е бремена. А на крајот на видеото за нејзиниот нов сингл Never Worn White таа го откри заоблениот стомак.

Детето им е  прво на Кети и Орландо. Актерот (43) веќе е татко на деветгодишниот Флин од поранешниот брак со супермоделот Миранда Кер (36).