(ВИДЕО) Керсон – центарот на величествена убавина и на украинските „Малдиви“


Керсон, првиот град во Украина што беше окупиран од руските трупи и за кој деновиве се водат жестоки борби, е симбол на украинскиот отпор што светската јавност ќе го памети по разурнатите објекти и пустошот од бројните ракети. Но, Керсон пред војната беше познат како центар на регионот со величествени бескрајни прерии,  неповторлива природа, брегови како на Малдивите, розеви езера, минерални лековити води  и други туристички атракции. 

Херсонската област има единствена локација, допирајќи ги двете украински мориња – Црното и Азовското. Исто така, има збир на природни уникатни глетки достојни  за „National geographic“. Тука се  живописните пејзажи со диви животни во најстариот и најголемиот биосферен резерват во Европа (Асканија-Нова) кој ќе ви создаде илузија како да сте во Африка,  најголемиот ненаселен европски остров (Џарилхач) со брегови како светски познатите Малдиви, пустинските дини, Плавото езеро во Винитца  и неверојатното солено Розево езеро, дестинации малку познати за нас.

Заштитениот остров Џарилгач на Црното Море се наоѓа директно спроти градот Скадовск. Тој е  гордост на областа поради топлото мирно море, чистиот бел песок и милјите недопрени плажи, со пејсаж што наликува како од месечината.

Делфините често доаѓаат овде наутро и навечер. Неговата површина од 56 квадратни километри и должина од 42 километри го прават најголемиот песочен брег на Црното Море.

Островот има минерални извори,а во средината извор на свежа вода, наспроти повеќе од четиристотините мали солени езера скои е расфрлани низ целата негова територија.

Уникатната флора и фауна на Џарилхач се добро зачувани. Тоа е живеалиште за диви свињи, елени, муфлон, како и бројни галеби ,корморани и  ракови.

Езерото Лемурија (Розово езеро) е мало езеро во западниот дел на заливот Сиваш во регионот Керсон.

Има розова вода поради дејството на алгата која произведува големи количини бета-каротен. Тоа е лековито одморалиште од меѓународно значење бидејќи соленоста на езерската вода достигнува 270 – 300 грама сол на литар.

Тендривската плетенка  е единственото место во Украина што е  дом на популација на диви коњи. Тоа е тесен земјен појас во Црното Море, кој достигнува максимална ширина од два километри и е одделен од копното.

Всушност, тоа е остров долг  65 километри. Тендривската плетенка е наречена и Ахиловиот пат.

На неа растат голем број интересни ендемични видови како луцерка Тендривска, морска луцерка и бисерна золотолускова. Видеото подолу ги покажува сите убавини на регионот околу Керсон. 

Биосферниот резерват Асканија Нова, именуван по Фридрих Фалц-Феин, е најстариот степски резерват во светот кој спаѓа во првите сто од најпознатите заштитени подрачја на нашата планета и едно од седумте природни чуда на Украина. Тој  веќе ја прослави својата стогодишнина.

Денес, „Асканија-Нова“ е вистински музеј на отворено и скапоцен камен на таврските степи. На неговата територија, која зафаќа 11.000 хектари, има многу видови дрвја, бројни украсни растенија од сите страни на светот и над 500 видови растенија, од кои многу се загрозени во светот. Во зоолошката градина на резерватот живеат 450 видови егзотични животни и птици. Патем, шест видови се исчезнати во нивните татковини и остануваат само во Асканија. 

Уникатната колекција на зоолошката градина вклучува индиски и африкански антилопи, зебри, шкотски коњчиња, диви коњи на Пржевалски, саиги и многу други. Разновидноста на птиците во „Асканија-Нова“ е исто така импресивна: тоа се бели и црни лебеди, жерави, фламинго, бустари, ему, папагали и многу други ретки видови.

Плавото езеро во Винитца, локално се нарекува „украински  Малдиви“, „изгубениот рај“ и  „сината лагуна на Украина“. Ова  се малку помпезни имиња, но во реалноста, тие го пренесуваат духот на ова место: убаво, пријатно и живописно.

Езерото е всушност  вештачки резервоар со неверојатно чиста вода во близина на Винитца. Првото нешто што погодува овде е бојата на водата, неверојатно бистра и неверојатно сина. Тоа е  прилично длабоко – до 100 метри, а  карпестите брегови и иглолисната вегетација создаваат пејзажи невообичаени за Украина. Така може да изгледа дека пливате некаде во далечни топли земји.