Кекеновски обвинува: Место името на коалицијата ДИК го ставил името на партијата


Коалицијата никогаш северна само Македонија“„ поднесе кривична пријава против претседателот на ДИК, Оливер Дерковски и другите членови бидејќи на избирачкото ливче место официјалното име на коалицијата стоело името на партијата „Единствена Македонија“.

-И покрај уредното доставување и примените листи од страна на ДИК на кандидати за пратеници во сите шест изборни единици за вонредните парламентарни избори во 2020 од страна на подносителот политичката партија Единствена Македонија под назив Коалиција ,,Никогаш северна само Македонија”, на гласачкото ливче наместо официјалното поднесено и прифатено име на Коалицијата стои име на политичката партија Единствена Македонија.

На овој начин избирачите свесно се доведени во заблуда да не гласаат за оваа коалиција која ја сочинуваат неколку субјекти (политичка партија Единствена Македонија и здруженијата на граѓани ФРОДЕМ, Тврдокорни и Ветерни на ВМРО 1990 год) со што е извршена повреда и злоупотреба на избирачкото право на избирачите; повреда на слободата на определувањето на избирачите како  и измама на избирачите  со цел да не гласат за реален учесник на изборите.

Со овие дејствија претседателот и членовите на Државната изборна комисија сториле  кривични дела според член 178 од Изборниот законик, а кои се казниви одредбите од Кривичниот законик поточно 160 став 2; член 164 став 2 и според член 165 од Кривичниот закони, стои во реакцијата на коалицијата.