Кекеновски го обвини Мицкоски дека одработува за СДСМ


Лидерот на ФРОДЕМ, Јове Кекеновски, го обвини Мицкоски дека одработува за СДСМ и затоа десет дена молчи и не излегува да реагира околу, според него, изборниот фалсификат на изборите.

-Таканаречениот лидер на ДПСМНЕ веќе 10-ти ден молчи и се подлабоко се затскрива во партиското дувло. Молчењето и млаката партиска реакција (реда-ради) до ДИК и Управен суд само го потврдуваат неговото индиректно соучесништво во најголемиот изборен фалсификат во историјата на Република Македонија. Свесно по трет пат одработи за победа на СДССМ и ДУИ.

Вака свесно молчеше и млако одработуваше и за легализација на Преспанскиот договор, за промената на Уставот и името на државата.Заради неговата самоумисленост и нереална амбиција дека мора да биде макар и виртуелен премиер на државата тој е спремен да молчи и одработува се до локалните избори кога очекува нови вонредни парламентарни избори.

Во овој момент за него и за раководството на партијата најбитно е што тој останува лидер на партијата, a партиските кадри од највисокото раководство за кои се водат сериозни кривични постапки сега добија пратенички имунитет преку кој во иднина ќе бараат спас за сопствената кожичка. Тоа значи дека засега успешно е реализиран првиот дел од договор помеѓу Заев- Мицкоски и мегународната заедница. Сетете се само како и зошто мошне брзо Мицкоски се согласи за вонредни избори иако бараше заради здравјето на луѓето тие да се одржат на есен, Прашање на ден е кога на виделина ќе излезат и другите причини за ,,одоброволувањето” на Мицкоски.

За Мицкоски и мицковистите Република Македонија и не мора да постои дури и во Статутот на партијата, не е важен скандалот со изборниот фалсификат, како ниту сторениот криминал од страна на членовите на ДИК. Важно е дека во овој момент по четири изборни порази по ред наместо прашањето на одговорност започнала ,,демократизацијата” на партијата. Важно е што нивните противници односно помалите конкурентски партии и коалиции се свесно ,,омаловажени и срозени” во договор со Заев и со помош на партиските испоставеници и служители во ДИК и Управен суд. Но, затоа тука им е десната левица која набрзо ќе им го ,,изеде” џигерот.

Партиските пајташи засега (барем времено) се во одлична ситуација. Една година лесно и брзо поминува, а народот е со кратко паметење. Нему дајте му само игри и забава и се ќе заборави и тој никогаш нема да се побуни за ништо.По се изгледа гревчињава заборавиле дека живеме во третата декада на ХХI век, а не на почеток на II век, напиша Кекеновски.