Кекеновски: Гласот за „Никогаш северна само Македонија“ е глас за чесните и праведните


Носителот на листа во изборната единица 2 од коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“ Јове Кекеновски во писмен допис до медиумите реагира на денешната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека „гласот за малите партии е глас за Заев“.

Тој порача дека гласот за коалицијата „Никогаш северна само Македонија” е глас за чесните и праведните, наспроти, како што вели, сите оние „одработувачи, амали на туѓиот и сопствен срам, рекетари, слуги, уценувачи и заштитници на криминалот“.

– Гласот за коалицијата „Никогаш северна, само Македонија” е глас против СДССМ, против дезидеологизиринатото Мицковистичко ДПСМНЕ, глас против ДУИ. Гласот за оваа коалиција е глас за оние кои имаат свој став, оние кои се праведни и чесни. Тоа е глас за народни пратеници а не за пратиски платеници, послушници и манипулатори, се вели во реакцијата.

Гласот за коалицијата „Никогаш северна, само Македонија”, наведува, е глас за оние кои што го љубат своето.

– Гласот за Мицковски и мицковистите е глас за соучесниците во промената на името. Тоа е глас за заштитниците на бегалецот од Будимпешта. Гласот за Мицковски е глас за оние кои бесрамно го лажат сопственото членство и јавноста, едно зборуваат дома, а друго пред меѓународната јавност каде клечат на коленици и се додворуваат, наведува Кекеновски во реакцијата.