Кејт Мидлтон забележана во јавност првпат по операцијата


Лондон– Фотографи ја снимија принцезата од Велс Кејт Мидлтон за првпат откако беше хоспитализирана на почетокот на оваа година, јавија светските медиуми.

Принцезата од Велс е видена вчера како се вози во автомобил со нејзината мајка Керол во близина на замокот Виндзор, пишува Ју-Ес Ти-Ем-Зи.

Ова е првпат медиумите да ја видат принцезата од декември минатата година.

На фотографијата се гледа дека Кејт носи темни очила и изгледа како да се смешка.

Социјалните мрежи изминатите денови беа преполни со разни теории на заговор и тврдења поврзани со нејзината операција, закрепнувањето, и фактот што беше најавено дека ќе закрепнува до Велигден според јулијанскиот календар.

Мидлтон беше еден од најпребаруваните поими на Твитер.

Бакингемската палата одби да коментира за нејзиното закрепнување и не даде никакви дополнителни информации, освен дека принцезата се чувствува добро.