Кејт Мидлтон  со ретка тиара во чест на дипломатите во Бакингемската палата- уште еден бисер од кралските трезори


Англија- Кејт Мидлтон се враќа со прекрасен додаток од кралските трезори!

Принцезата од Велс им се придружи на принцот Вилијам, кралот Чарлс и кралицата – придружничка Камила во Бакингемската палата во вторникот вечерта на дипломатскиот прием. Настанот се одржува секоја година, при што членовите на кралското семејство ги пречекуваат стотиците членови на Дипломатскиот кор во државните соби на палатата.

40-годишната Кејт ја носеше дијадемата од лотосов цвет, што го означи првиот пат кога таа го носеше на глава од 2015 година.

Кралицата Елизабета, мајката на кралицата ја создаде дијадемата од лотосов цвет од ѓердан што беше свадбен подарок од нејзиниот сопруг, идниот крал Џорџ Шести, според The Court Jeweller. Нивната ќерка принцезата Маргарет подоцна го носеше парчето – а принцезата Маргарет и го позајми парчето на Серена Стенхоуп кога Серена се омажи за синот на Маргарет во 1993 година.

Принцезата Кејт ја спои дијадемата со црвена тоалета од Џени Пакам, со син појас и нејзиниот жолт кралски семеен орден.

Својот изглед го комплетираше со обетки кои и припаѓаа на кралицата Елизабета Втора.

Во меѓувреме, кралицата- придружничка  Камила се појави на приемот во белгиската сафирска тијара која претходно и припаѓаше на кралицата Елизабета Втора.

Дипломатскиот прием не се одржа во 2020 и 2021 година поради пандемијата Ковид-19. Во февруари 2022 година, кралицата Елизабета, која почина во септември, го послуша советот на министерот за надворешни работи на Обединетото Кралство да го одложи приемот што требаше да се одржи на 2 март во замокот Виндзор поради конфликтот меѓу Русија и Украина.

Гламурозниот прием доаѓа само две недели откако Кејт дебитираше со дијадема како принцеза од Велс. За државниот банкет во чест на јужноафриканскиот претседател Кирил Рамафоза на 22 ноември, принцезата Кејт носеше бел фустан од Џени Пакам во комбинација со тијарата на кралицата Мери Lover’s Knot.