Кејт Мидлтон со нова фотографија за 8-от роденден на принцот Џорџ


Англија– Принцот Џорџ денес полни 8 години. По повод роденден , мајка му, војвотката од Кембриџ сподели нова фотографија од најстариот син на социјалните мрежи.

Принцот Џорџ  беше фотографиран на почетокот на овој месец во Норфолк, Англија, каде што семејството има свој дом.
Најстарото дете на трите деца на Кејт и принцот Вилијам, беше во центарот на вниманието неодамна кога им се придружи на своите родители на лондонскиот стадион „Вембли“ за да ја гледа Англија како се натпреварува на Европското првенство на УЕФА. Тој ја гледаше Англија како победува во претходната рунда, но потоа виде како тимот загуби од Италија во финалето претходно овој месец.
Џорџ роденденот ќе го прослави приватно со своето семејство, во кое се и неговата помала сестра, 6-годишната принцеза Шарлот и 3-годишниот принц Луис.
Стана семејна традиција принцот Вилијам и војвотката Кејт да споделуваат нови фотографии за да ги одбележат родендените на секое нивно дете.