Кејт и Вилијам на семеен годишен одмор: Мистик е нашиот рај


Кариби- Кејт Мидлтон и принцот Вилијам заминаа на семеен годишен одмор, заедно со своите три деца Џорџ, Шарлота и Луј. И годинава, како лани, за летна дестинација за одмор го одбраа островот Мистик.

Познат како остров на милијардерите, Мустик е дел од малата островска држава Сен Винсент и Гренадини, сместен во југоисточниот дел на Карипското море.

За да се стигне до Мистик, прво треба да стигнете до Барбадос, од каде до Мистик се патува со чартер-лет или со брод. Барбадос се наоѓа на 175 километри западно од островот Мистик.

Островот е мал по големина, а стана познат во 70-те години кога љубителите на раскошни забави и милионерите, почнаа да се собираат тука за да се забавуваат за време на викендите и празниците.

Денес на островот се наоѓаат луксузни вили и палати во сопственост на бројни ѕвезди – на музичарите Мик Џегер и Дејвид Боуви, Фил Колинс, на познатиот француски бизнисмен Франсоа Пино, потоа, тука е вилата на глумицата Ракел Велч, на модниот дизајнер Пјер Карден, Лилиан Бетанкур, косопственик на компанијата Лореал и многу други.

Според објаснувањето на близок пријател на кралското семејство, Кејт и Вилијам по втор пат го одбираат овој далечен остров за летување поради дискрецијата и приватноста, но и поради довербата на персоналот кој работи за нив во изнајмената вила.

На Мистик, кралската двојка со децата ќе останат две недели. Принцот Џорџ тука ќе го прослави денес, својот шести роденден.