Кејт и Меган во хит бои на сезоната: Не се поднесуваат, а си ги крадат стајлинзите


Англија- Не се поднесуваат, ама како две золви и Кејт Мидлтон и Меган Маркл имаат нешто заедничко-добар вкус за модата. На денешната миса поп повод Денот на Комонвелтот во Вестминстерската опатија, беше последно кралско појавување на принцот Хари и на Меган.

Додека Кејт на мисата го повтори темноцрвениот капут на дизајнерката Кетрин Волкер која ја носеше на Божикната миса пред две години, Меган избра впечатлчив зеленосмарагден фустан со потпис на Емилија Викстед, искомбинирана со шапка на Вилијам Чемберс, чанта на Габриела Хрст и салонки Аквазура. Со бојата потсети на изгледот на Кејт за време на посетата на Ирска.

Војвотката од Кембриџ под капутот носела фустан на Алексанра Рич, чанта на ЛК Бенет и салонки од брусена кожа на Еми Лондон, а место шапка, рајф од кадифе.