Кејт Брнз: Потребни се овластена влада и функционален парламент штом дозволат условите

Американската амбасадорка Кејт Брнз вели дека се „потребни целосно овластена влада и функционален парламент веднаш штом дозволат условите“. Во изјава за „360 степени“ Брнз рече дека „техничката влада има ограничен мандат и дека требаше да биде на власт во ограничен период пред избори“.

„Од перспектива на САД, разумно е да се очекува избори да се одржат веднаш штом дозволат условите, имајќи ги на ум здравјето и благостостојбата и на гласачите и на членовите на избирачките одбори. Ние не предвидуваме нова политичка криза. Моментално има техничка влада. Оваа влада требаше да биде на власт во ограничен период пред да се одржат избори. Невидена меѓународна пандемија принуди одлагање на оригиналниот датум сѐ додека условите дозволат изборите да се презакажат. Техничката влада има ограничен мандат и нема функционален парламент. Потребни се целосно овластена влада и функционален парламент веднаш штом дозволат условите“, рече Кејт Брнз во изјава за „360 степени“.