Кејот во Скопје е пуштен, но не е целосно довршен (галерија)


Треба да се направи и спојката со новите два моста (Фото: Б. Грданоски)

Откако вчера на 26 јули, денот на скопскиот земјотрес, беше отворен реконструираниот Кеј „13 Ноември“ во Скопје, градоначалникот Петре Шилегов на својот Фејсбук профил напиша дека со новиот изглед се ослободило повеќе место за пешаците и велосипедистите.

„Новото шеталиште повторно е место каде граѓаните ќе можат да уживаат под сенките на убавите дрвореди, без возила или други пречки при движењето“, напиша Шилегов.

Навистина, пешаците и велоспидестите добија повеќе простор, но многу граѓани имаат забелешки зошто на кафеаните им е дозволено да се прошират неочекувано многу. Речиси до самиот прв дрворед. Веројатно тоа беше еден од дговорите за тие да се повлечат од средината на кејот.

Реконструираниот кеј не е целосно довршен, особено делот каде се спојува со двата новоизградени моста, бидејќи таму врската е на различно ниво. Да се надеваме дека градските власти нема да ги остават овие делови недоврешни и ќе ја завршат целосно реконтрукцијата.

Клупи под сенките на дрвата (Фото: Б. Грданоски)
Прошетка меѓу дрворедите (Фото: Б. Грданоски)
Летните застаклени тераси се проширени речиси до самиот прв дрворед (Фото: Б. Грданоски)
Има уште работи за довршување на кејот (Фото: Б. Грданоски)