Кејн сака да го прекине постот на Англија без трофеј


Капитенот на Англската фудбалска репрезентација Хари Кејн се надева дека ќе освои трофејот со „Гордиот Албион“. Британците вчера ја совладаа Бугарија со 4:0 во квалификациите за ЕУРО 2020, Кејн на овој дуел постигна три гола.

– На крајот на вашата кариера, ви се суди по трофеите. Секако, убаво е да се постигнат голови и да се освојат индивидуални награди. Но, поважно е да се освојат тимски титули, а Англија го нема сторено тоа подолго време. Ова е мојата цел како капитен. Знам дека момците сакаат да победат, да освојат турнири, но ние зборуваме за тоа 10, 15, 20 години и така натаму, и тоа не се случува, изјави Кејн.

Во А-групата од квалификациите Англија е лидер на табелата со максимални девет бода.