Казината во Лас Вегас затворени поради Ковид-19

САД – Лас Вегас ги затвори казината со цел да се спречи ширењето на новиот коронавирус, изјави гувернерот на американската сојузна држава Невада, Стив Сисолак.

– Тоа се однесува на здрав разум, истакна Сисолак на прес-конференција.

Затворени се и фитнес и рекреативните центри, ноќните клубови, кино салите и трговските центри.

– Пожарникарите, полицијата, сообраќајот, здравствените и социјалните центри, како и доставувачите на храна, ќе продолжат да работат, нагласи Сисолак.

Во САД се регистрирани 6.400 заболени лица од Ковид-19, а најмалку 109 се починати.