Казахстан ги олабави мерките, бројките на заболени драматично се зголемија


Уметници работат на мурал посветен на казашките здравствени работници

На 11 мај Казахстан ги олабави мерките. Тогаш имаше 5.200 заболени, сега бројката стигна до 20.000

 

Казахстан нареди да се затворат од понеделникот некои места за забава во најголемиот град Алмати, а трговските центри, ресторани и владини канцеларии таму да работат пократко време, по порастот на бројот на инфекции од корона вирусот откако беше олеснето заклучувањето.

Централноазиската нација веќе ги зајакна ограничувањата во три провинции овој месец, откако заврши вонредната состојба во средината на мај. Свежите случаи на Ковид-19 предизвикаа стравувања од втор бран на вирусот.

Според построгите ограничувања најавени во понеделникот, пазарите во Алмати мораат да се затворат во 16 часот во работните денови, додека рестораните мора да се затворат до 22 часот во сите денови.

Казахстан, поранешна советска република со 19 милиони луѓе што граничи со Кина и Русија, соопшти дека првите случаи на корона вирус потекнуваат од Европа.

Тој има пријавено речиси 20.000 случаи на Ковид-19 со 77 починати, иако на 11 мај имаше само 5.200 случаи. Тогаш почна и олеснувањето на заклучувањето.

Министерот за здравство на Казахстан, Јелџан Биртанов, изминатиот викенд рече дека тој позитивно се тестирал за Ковид-19 и дека прима третман. Премиерот Аскар Мамин кој неодамна патуваше со Биртан, оттогаш беше негативен на тестот, но избра да се изолира, соопшти неговата канцеларија.

Главниот санитарен лекар на Алмати им нареди на банките и владините институции барем половина од својот персонал да работат од дома.

Во неделата, градските власти наредија фабрика за слатки и популарен пазар на храна на отворено во Алмати привремено да се затворат, заради потврдените случаи на Ковид-19 меѓу нивните работници.