Кавадарци преку конкурс избира организатор на културни настани како „Тиквешки гроздобер“
Градоначалникот на Општина Кавадарци објави конкурс за избор на правно лице, организатор на културни настани како „Тиквешки гроздобер“.
Од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев денеска информираа дека е објавен конкурс за делегирање на надлежностите на локалната самоуправа за организирање и реализирање на културните манифестации за 2025 година. Меѓу културните манифестации што ќе се организираат е и традиционалниот настан посветен на виното, во февруари, во чест на верскиот празник „Свети Трифун“, што се смета за заштитник на лозарите и винарите.
– Обврска на правното лице е во целост да ги испланира, организира, реализира и менаџира културните манифестации, се вели во конкурсот.
Од кабинетот на Јанчев појаснија дека за разгледување на пријавите од јавниот конкурс, градоначалникот формирал петчлена комисиja составена од претставници од културните институции и општинската администрација.
– Приложените проекти мора да содржат образложение и предлог финансиска конструкција, во која ќе бидат наведени средствата потребни од буџетот на Општина Кавадарци, како и средствата обезбедени од Министерството за култура, сопствени средства и други извори, соопштија од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци.