Кавадарчанец се повредил на работа, по што починал во болница


Во вторникот, во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека при извршување на работни задачи во фабрика во Кавадарци, Д.И.(51) од Кавадарци се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Општата болница во Кавадарци, каде им подлегнал на повредите.

Бил извршен увид на местото од страна на увидна екипа, Трудов инспектор и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено на семејството.