Католиците во Италија бесни поради рекламата за чипс (видео)


Реклама на италијанска телевизија која прикажува калуѓерки како јадат грицки наместо нафора – леб што служи за причесна,  додека се причестуваат, беше критикувана за богохулење.

Реклама на италијанска телевизија на која се прикажуваат калуѓерки како јадат чипс наместо леб додека се причестуваат, беше критикувана за богохулење од гневни членови на организација на католички гледачи, објави Гардијан.

Рекламата за Amica Chips, кој е популарен во Италија, се одвива во манастир и започнува со калуѓерка која се подготвува да се причести.

Главната сестра сфаќа дека собата е празна и ја полни со чипс.

Во занина свири композицијата Аве Марија на Шуберт, а калуѓерките се движат кон олтарот, а кога свештеникот ќе ја причести првата, таа ги шират очите и се слушаат крцкања.

Рекламата, која се емитува на Медиасет, најголемиот комерцијален радиодифузер во Италија, и некои други приватни ТВ мрежи, завршува со тоа што главната сестра јаде пакетче чипс.

Компанијата што ја направи рекламата, Лоренцо Марини Груп, рече дека рекламата е наменета за помладите гледачи и дека содржи „карактеристични британски иронии“, со намера на претеран и провокативен начин „да го изрази неодоливиот вкус на чипсовите Амика“.

Сепак, од здружението на католички телевизиски гледачи Ајарт велат дека рекламата треба веднаш да се забрани.

Претседателот на здружението Џовани Баџо ја обвини компанијата дека користи богохулење за да ја зголеми продажбата.