Над 300 предупредувања за поплави откако во Англија пристигна бурата Хенк


Повеќе од 300 предупредувања за поплави се издадени во Англија поради бурата Хенк, јавија денеска британските медиуми.  Агенцијата за животна средина соопшти дека во Англија имало 368 активни предупредувања за можни поплави и 322 предупредувања за поплави, што значи дека се очекуваат поплави, додека во областа Нортхемптон е издадено предупредување за поплави опасни по живот.  […]

Најголемата компанија за дијаманти во светот и директорот на листата на санкции на ЕУ по руската агресија врз Украина


Советот на ЕУ денеска донесе одлука за воведување дополнителни рестриктивни мерки против едно физичко лице и еден субјект, поради нивните активности за поткопување или загрозување на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина.  Како што јави дописникот на МИА од Брисел, со оваа одлука на листа на санкционирани физички и правни лица во врска со […]

Гледачка на карти на Фокс њуз му предвиде „голема загуба“ на Трамп (Видео)


  Гледачката на карти Пола Робертс, позната и како „Англиската гледачка “, самопрогласена експертка за натприродното, ловец на духови и графолог, за време на гостувањето во емисијата „Џеси Вотерс прајмтајм“ емитувана на американската ТВ станица Фокс њуз изјави дека поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп ќе почувствува „загуба“ во 2024 година, пренесува „Дејли […]

Берни Сандерс го повика американскиот Конгрес да ја блокира воената помош за Израел: „Доста е“


Американскиот сенатор и поранешен американски претседателски кандидат Берни Сандер го повика американскиот Конгрес да ја блокира воената помош за Израел. Осврнувајќи се на американско-израелските односи, Сандерс рече дека војната во Појасот Газа е предизвикана од варварскиот напад на Хамас, но нагласи и дека одговорот на Израел е непропорционален, неморален и го крши меѓународното право. „Доста […]

Тајван регистрира кинески балони над островот на две недели пред изборите


Министерството за одбрана на Тајван денеска соопшти дека четири кинески балони биле откриени вчера откако ја преминале средната линија на Тајванскиот теснец. Три од откриените балони прелетале над островот Тајван, а Министерството соопшти дека внимателно ги надгледувало таквите балони кои можат да се користат за временски цели, како и за собирање информации за нивните патеки […]

Штрајкуваат младите лекари во Англија, шест дена нема да работат


Млади лекари во Англија, кои имаат статус на приправник, утрово ја прекинаа работата на шест дена бидејќи бараат покачување, во невиден штрајк за британскиот јавно-здравствен систем. По тридневниот штрајк пред Божиќ и неколкуте прекини на работа во последните месеци, младите лекари ја интензивираат својата мобилизација поради немање договор со владата во кризата предизвикана од инфлацијата. […]

Хезболах му се закани на Израел: Убиството на функционери на Хамас во Бејрут нема да помине неказнето


Либанската милитантна група Хезболах соопшти дека убиството на високи функционери на Хамас во Бејрут претставува „сериозен напад врз Либан“ и „опасен развој“ во војната со Израел. – Ова злосторство нема да остане неодговорено и казнето. Верни сме на нашите принципи и обврски кои самите си ги дадовме. Ова е ден што ќе го паметиме, објави […]

Експлозии во Белгород, руската противвоздушна одбрана соборила 12 проектили


Украинските војници утринава двапати го гранатираа Белгород, објави гувернерот на таа руска област, Вјачеслав Гладков, додека руското Министерство за одбрана соопшти дека противвоздушната одбрана соборила 12 проектили. -Ситуацијата во Белгород се уште е напната. Од утрово има две гранатирања. Работеше противвоздушната одбрана, напиша Гладков на својот канал на Телеграм, пренесуваат руските медиуми. Претходно Гладков изјави […]

Вооружени напаѓачи киднапираа автобус со 31 мигрант во северно Мексико


Мексиканските безбедносни служби трагаат по 31 мигрант кои во саботата биле киднапирани од вооружени лица додека патувале со автобус до американската граница преку северната држава Тамаулипас, соопштија вчера властите. Од канцеларијата за државна безбедност изјавија дека автобусот тргнал од индустрискиот град Монтереј, а неговата дестинација бил градот Матаморос, спроти Браунсвил, Тексас. Меѓутоа, на автопатот во […]

Американските разузнавачки служби уверени дека Хамас ја користел болницата Ал-Шифа како команден центар


Американските разузнавачки служби се убедени дека палестинските милитантни групи ја користеле најголемата болница во Газа, Ал-Шифа, за сместување на командната инфраструктура и држење на неколку заложници заробени за време на нападот од 7 октомври, изјави денеска неименуван американски претставник.  Американските медиуми пренесуваат дека ваквата американска безбедносна проценка дава дополнителна поддршка на израелските тврдења за болничкиот […]

Најмалку 64 лица загинаа во разурнувачкиот земјотрес во Јапонија


Најмалку 64 лица загинаа во разорниот земјотрес што ја погоди Јапонија на 1 јануари, а урнатините и оштетените патишта се уште ги спречуваат спасувачките служби да спроведат операции за пребарување и спасување на преживеаните, јавуваат јапонските медиуми. Поминаа два дена откако земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала предизвика голема штета на инфраструктурата […]

САД отфрлија можност за иселување на Палестинците од Газа


 САД соопштија дека ги „отфрлаат“ коментарите на израелските министри кои се залагаат за враќање на еврејските доселеници во Газа, по актуелната војна, како и за „охрабрување“ на палестинското население да емигрира. – САД ги отфрлаат неодамнешните изјави на израелските министри Безалел Смотрич и Итамар Бен Гвир кои се залагаат за преселување на Палестинците надвор од […]

Хутите истрелаа два проектила врз трговски бродови во Црвеното Море


 Јеменските Хути, поддржани од Иран, истрелаа две ракети доцна синоќа кон трговски бродови кои патуваа во Црвеното Море во близина на стратешкиот теснец Баб ел-Мандеб, соопшти американската војска по извештајот на британската агенција за поморска безбедност УКМТО. УКМТО првично извести за експлозии во близина на товарен брод што пловел меѓу бреговите на Еритреја и Јемен. […]

Францускиот амбасадор во СБ на ОН: Ситуацијата во Украина се влошува


Францускиот амбасадор во Советот за безбедност на ОН, кој претседава во јануари, вели дека е песимист за борбите во Украина во 2024 година. -Мислам дека (ситуацијата) не се подобрува, туку дека се влошува, изјави во вторникот во Њујорк францускиот амбасадор во ОН, Николас де Ривиер. Бројот на руски напади со беспилотни летала и ракетни напади […]

Трамп ја обжали одлуката да биде исклучен од прелиминарните избори во Мејн


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја обжали одлуката во американската сојузна држава Мејн да се исклучи од локалните прелиминарни избори за републиканската претседателска кандидатура, јави ДПА. Адвокатите на Трамп вчера поднесоа формален приговор до судот во Мејн против одлуката на главниот изборен надзорник на државата. Североисточната држава соопшти дека Трамп се дисквалификувал за претседателската функција […]

Претседателката на Харвард поднесе оставка по обвинувањата за плагијаризам


  Претседателката на Универзитетот Харвард, Клодин Геј, во вторникот поднесе оставка поради обвинувањата за плагијат и критиките за сведочењето на конгресното сослушување каде што не можеше недвосмислено да каже дека повиците во кампусот за геноцид врз Евреите ќе ја нарушат политиката на однесување на училиштето. Геј е вториот претседател на Ајви Лигата кој поднесе оставка […]

Вториот човек на Хамас убиен во израелски напад со дрон во Бејрут


  Заменик-лидерот на Хамас во странство, Салех ал-Арури, кого Израел го бараше со години и се сметаше за главен оркестратор на групата за нападите на Западниот Брег, беше убиен во вторникот вечерта во израелски напад во предградието Дахие во Бејрут, соопштија претставници на Хамас и либанската група Хезболах. Либанската државна новинска агенција соопшти дека експлозијата […]

Данска бродска компанија објави дека го суспендира минувањето на бродовите низ Црвеното Море


 Данската бродска компанија „Маерск“ денеска објави дека го суспендира минувањето на своите бродови низ стратешки важниот теснец во Црвеното Море, по напад на хутите врз еден од нивните бродови. „Одлучивме да ги запреме сите транзити низ Црвеното Море и Аденскиот Залив до понатамошно известување“, се вели во соопштението на превозникот, додавајќи дека истрагата е во […]

Страшна експлозија во Бејрут: Загина висок член на Хамас (видео)


Во израелскиот напад на предградијата на Бејрут беа погодени просториите на Хамас, како резултат на што е убиен високиот функционер на Хамас Салех ал Арури, јавуваат либанските медиуми. Според Ројтерс, во нападот загинале четири лица, меѓу кои и Ел Аури. BREAKING: SECOND POSSIBLE SENIOR HAMAS MEMBER LEADER KILLED IN BEIRUT ATTACK pic.twitter.com/VkVD9Hsuqc — News (@Arham_ba) […]

Во Финска и Шведска екстремно студено, рекордно најниски температури од минус 40 степени


Во Финска и Шведска денеска се забележани најниски температури во текот на оваа зима околу минус 40 Целзиусови степени. Во селото Никалуокти, населено со Лапонци, во северна Шведска, температурата утрово се спушти на минус 41,6 степени, јави шведската јавна телевизија СВТ. „Тоа е најниската температура забележана досега оваа зима, а на север и понатаму ќе […]