Палестинците ќе умираат и за вода, 20 невладини организации огорчени од прекинот на помошта


 Околу 20 меѓународни невладини организации денеска соопштија дека се огорчени од најавата на десетина земји дека ќе ја прекинат помошта за агенцијата на ОН за палестинските бегалци (УНРВА) во време кога Газа е во ситуација на „хуманитарна катастрофа“. УНРВА е главниот обезбедувач на помош во Газа и регионот и прекинот на нејзиното финансирање ќе влијае […]

Велика Британија размислува да ja признае палестинската држава


Велика Британија ќе го разгледа признавањето на палестинската држава како дел од заедничките напори за постигнување „неповратно“ мировно решение, изјави шефот на британската дипломатија Дејвид Камерон, пренесува Гардијан. Тој посочи дека на Палестинците треба да им се даде политички хоризонт за промовирање на мирот на Блискиот Исток. Камерон ја започна својата четврта посета на регионот […]

Украина: Соборивме моќен руски бомбардер „Су-34“


Украинските одбранбени сили соборија руски ловец-бомбардер „Су-34“ во областа Луганск во источна Украина, изјави портпаролот на Генералштабот на вооружените сили на Украина, Андриј Ковалиов. Ковалиов додаде дека рускиот авион „Су-34“ бил соборен на 29 јануари. ⚡️ Military: Ukraine downs Russian Su-34 jet over Luhansk Oblast. Ukrainian air defenses shot down a Russian Su-34 jet over […]

На Алјаска падна повеќе од 2,6 метри снег, се урнаа покриви на згради


Повеќе од 2,6 метри снег падна досега во снежната бура што ја зафати Алјаска, предизвикувајќи уривање на покриви на комерцијални згради во Енкориџ, а властите ги повикаа жителите да го исчистат снегот од покривите. Дополнителни 16 сантиметри снег паднаа во Енкориџ за време на викендот, со што снегот во најголемиот град на Алјаска е 254 […]

Видео за холокаустот објавено од Европската комисија предизвика гнев во Варшава


  Видеото, објавено од Европската комисија по повод Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот во саботата, предизвика бурни реакции во Полска, што ја натера извршната власт на ЕУ да ја отстрани објавата на социјалните мрежи, за која Варшава рече дека е погрешна. Во клипот, комесари на ЕУ ги именуваа жртвите на холокаустот од различни делови […]

Полска: Опозицискиот лидер го спореди премиерот Туск со Хитлер


  Лидерот на главната полска опозициска партија Право и правда (ПиС), Јарослав Качињски, ги спореди постапките на новата влада на Доналд Туск со оние на Хитлер на партискиот митинг во централниот полски град Лублин. Качињски дојде во Лублин на откривањето на споменикот на Лех Качињски, братот близнак на Јарослав, кој загина во авионска несреќа кај […]

ОН потврдија дека во Европа е достигната рекордна висока температура во 2021 година


 Светската метеоролошка организација (СМО) денеска официјално потврди нов рекорд на температура за континентална Европа од 48,8 степени Целзиусови во Италија на 11 август 2021 година и предупреди дека се очекуваат нови екстремни температури. Наодите се објавени во Меѓународниот весник за климатологија. „Меѓународен панел од научници за атмосферата ја потврдија температурата регистрирана од автоматизирана метеоролошка станица […]

Француските земјоделци втор ден ги блокираат автопатите околу Париз


Француските земјоделци втор ден ги блокираат стратешките патишта околу Париз, а членовите на Конфедерацијата на селаните ги блокираат и влезовите во дистрибутивните центри во Кавајон во департманот Воклуз, на југот на Франција. – Сакаме да ги блокираме логистичките центри затоа што бараме подобра распределба на додадената вредност. Масовната дистрибуција направи многу профит во последниот квартал […]

Амнести интернешенел: Одлуката за повлекување на финансирањето на УНРВА е сурова и нехумана


Одлуките на најмалку 11 земји донатори да го суспендираат финансирањето на Агенцијата на ОН за помош во Палестина (UNRWA), по наводите дека поединечни членови на персоналот биле вмешани во нападите на 7 октомври во јужен Израел, ќе им нанесат катастрофален удар на повеќе од два милиони бегалци во окупираниот појас Газа за кого организацијата служи […]

(Видео) Силна експлозија во Ротердам: Превртени автомобили, скршени стакла, исчезнати


Три лица се водат за исчезнати откако синоќа експлозија предизвика голем пожар во станбена населба во Ротердам. Службите за итна помош потврдија дека најмалку едно лице е повредено. Таа била пронајдена на улица и пренесена во болница, пишува NL Times. Пожарникарите сѐ уште се обидуваат да го изгаснат големиот пожар предизвикан од експлозија во гаражата […]

Северна Кореја истрела неколку крстосувачки ракети во водите кај нејзиниот западен брег


Северна Кореја денеска истрела „неколку“ крстосувачки ракети во водите кај нејзиниот западен брег, соопшти јужнокорејската војска. Сеул „откри неколку крстаречки ракети лансирани во Западното Море (Жолто Море) околу 7:00 часот по локално време“, се вели во соопштението. Американските и јужнокорејските разузнавачки агенции „во моментов вршат детална анализа“ на лансирањето, додаваат истите извори. Официјалната новинска агенција […]

САД лани продале оружје за рекордни 238 милијарди долари


Продажбата на американско оружје во странство минатата година нагло порасна и достигна рекордни 238 милијарди долари, јави Би-Би-Си. Американската влада директно преговарала за продажба на оружје во вредност од 81 милијарда долари, што е зголемување од 56 отсто во споредба со 2022 година, потврди Стејт департментот. Останатото било директна продажба на американски воени компании на […]

ФТ: Членките на ЕУ го поддржаа планот за користење замрзнати руски средства


Членките на ЕУ поддржаа план за ослободување милијарди евра замрзнати средства на Руската централна банка како прв чекор кон нивно можно искористување за обнова на Украина. Синоќешната едногласна одлука, што допрва треба да биде официјализирана во наредните недели, е дел од покажувањето поддршка за Киев. Тоа доаѓа и во пресрет на самитот в четврток на […]

Блинкен: Ситуацијата на Блискиот Исток сега е поопасна отколку во 1973 година


Ситуацијата на Блискиот Исток сега е поопасна отколку што беше во изминатите децении, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен, јави ДПА. „Тврдам дека барем од 1973 година не сме виделе таква опасна ситуација во регионот како оваа со која се соочуваме сега. А, веројатно дури и пред тоа“, рече Блинкен на заедничката прес-конференција со генералниот […]

Путин: Белорусија стана нуклеарна сила


Белорусија стана нуклеарна сила откако беше изградена белоруската нуклеарна централа со учество на Русија, што е сериозен чекор напред во економскиот и технолошкиот развој, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Тој на состанокот на белорускиот Врховен државен совет потсети дека со учество на Руската Федерација во 2023 година во Белорусија изграден е вториот блок на белоруската […]

Чешка: Тврдењето дека војната беснее само на истокот на Украина ја доведува во заблуда јавноста


Погрешно претставување на ситуацијата во Украина со тврдење дека војната беснее само на истокот на земјата е сериозна измама на јавноста. Ова денеска го изјави претседателот на Чешката Република Петр Павел, во интервју за Чешкото радио, одговарајќи на изјавите на словачкиот премиер Роберт Фицо, кој рече дека луѓето водат нормален живот во Киев, пренесе ТАСР. […]

Галант најави дека израелските трупи наскоро „ќе тргнат во акција“ на границата со Либан


Израелските трупи „многу брзо ќе тргнат во акција“ во близина на северната граница на земјата со Либан, изјави денеска министерот за одбрана Јоав Галант. Тој им соопшти на војниците во близина на границата со опколениот Појас Газа дека други се распоредени на северот на Израел. – Тие многу брзо ќе тргнат во акција… така што […]

Во УНРВА очајни поради прекинот на финансирањето


Од Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА) изјавија дека се очајни бидејќи се повеќе земји го прекинуваат финансирањето, по обвинувањето на Израел дека некои вработени биле вмешани во нападот што го изврши палестинското движење Хамас на 7 октомври минатата година врз израелска територија. Досега прекин на финансирањето најавија Јапонија, Австрија, САД, Велика Британија, […]

Британскиот крал Чарлс Трети е отпуштен од болница по операција на простата


Британскиот крал Чарлс Трети денеска бил отпуштен од приватна клиника во Лондон, откако беше подложен на медицинска интервенција поради зголемена простата, пренесе БТА. Монархот, кој има 75 години, бил примен во болница каде што неговата снаа, принцезата од Велс, неодамна направила операција на абдоменот. Кенсингтонската палата претходно денеска соопшти дека таа се вратила дома. На […]

Чешката влада потпиша договор со САД за купување на 24 борбени авиони Ф-35


Чешката влада постигна договор со САД за набавка на 24 американски борбени авиони Ф-35 како дел од договорот вреден околу 150 милијарди чешки круни (6,6 милијарди долари). Тоа е најголемата нарачка за набавка на воена опрема во историјата на чешката армија. Чешката министерка за одбрана Јана Чернохова и американскиот амбасадор Бијан Сабет потпишаа меморандум за […]