Досега употребени над 9 милијарди вакцини против Ковид, повеќе од половината во три земји


Бројот на администрирани вакцини против коронавирус во светот надмина девет милијарди. Повеќе од половина од нив (4,67 милијарди) се во три земји – Кина (2,77 милијарди), Индија (1,4 милијарди) и САД (0,5 милијарди). Податоците се базираат на официјални соопштенија на властите. Во моментов, на луѓето им се инјектирани 9,002 милијарди дози вакцини против коронавирус. Сè уште не е можно да се […]

САД го преполовија рокот за изолација за Ковид


Американските здравствени власти соопштија дека го преполовуваат препорачаното време за изолација за лицата заразени со Ковид-19 од десет на пет дена. Ова се однесува и на асимптоматските случаи и на контактите на заразено лице. Едно лице заразува други од еден до два дена пред почетокот на симптомите, и од два до три дена потоа, покажа статистиката на […]

Во вооружен напад во Тексас загинаа три лица


Непознат маж кој отвори оган на бензинска пумпа во Далас при што уби три лица, а едно тешко рани, соопштија синоќа властите на американската сојузна држава Тексас. Нападот се случил во неделата вечерта во предградие на Далас и бил снимен од надзорна видео камера на бензинска пумпа. Според полицијата, мажот, чиј идентитет не се соопштува, […]

Нови рестриктивни мерки во Франција, се очекуваат стотици илјади случаи дневно на омикрон


Француската Влада денеска најави нови рестриктивни мерки со цел да се спречи понатамошното ширењето на Ковид-19. Предвидено е да нема полициски час за Нова година, а ковид сертификатот ќе стапи во сила од 15 јануари. Новите мерки предвидуваат по три месеци да може да се прими дополнителна, трета вакцина против Ковид-19. Големите собири ќе бидат […]

Данска го сруши рекордот по број на новозарaзени дневно


Данска го собори рекордот по бројот на нови случаи. Во изминатите 24 часа се регистрирани 16.164 нови случаи, а седум лица ја загубија битката со коронавирусот. Да потсетиме, ден претходно и оваа земја ги забележа најлошите бројки од почетокот на пандемијата, со 14.844 заболени во еден ден. Според официјалните податоци, 3.217 луѓе починале од почетокот […]

Во САД откажани уште 800 летови поради Ковид-19 


САД – Авиокoмпаниите во САД денеска откажаа уште 800 домашни и странски летови, откако вчера и за време на божиќните празници беа откажани илјадници летови. Поради брзото ширење на новиот сој на коронавирусот наречен омикрон, авиокомпаниите откажуваат летови, а пилотите и членовите на екпажите одат во карантин. Настрадаа и крузерските компании. Пилотите и членовите на […]

Гејтс: Главен проблем во 2022 година ќе биде недовербата во владите


  Американскиот милијардер Бил Гејтс е оптимист за следната година, но изразува и загриженост за одредени прашања. Гејтс во текстот „Причини за оптимизам по тешка година“ објавен на неговиот блог наведува неколку оптимистички прогнози – од можен крај на пандемијата со Ковид-19 до развој на метавселена. Додека како главен проблем во следната година ја посочува […]

Полска: Анджеј Дуда стави вето врз медиумскиот закон за да избегне судир со САД


  Полскиот претседател Анджеј Дуда интервенираше за да го спречи судирот со Вашингтон во понеделникот ставајќи вето на контроверзниот закон за медиуми кој нашироко се сметаше дека е насочен кон независната телевизија ТВН, во сопственост на американскиот медиумски гигант „Дискавери“. На 17 декември, полската владејачка партија Право и правда (ПиС) неочекувано избрза со легислатива што […]

Израел прв во светот почна со тестирање на четвртата доза вакцина


Медицинскиот центар „Шеба“ во близина на Тел Авив денеска го почна првото тестирање во светот на четвртата доза од вакцината на Фајзер/Бионтек против Ковид-19. Најголемиот медицински центар во Израел и на Блискиот Исток ангажираше 150 вработени за истражувањето, а секој од нив прими трета, засилувачка доза, во август и сега нивното ниво на антитела е под […]

Унгарија: Регистрирани дури 436 мртви од ковид


  Во изминатите четири дена од ковид починале 436 пациенти, додека во Унгарија се регистрирани 7.989 нови инфекции со корона вирус, соопштија здравствените власти во понеделникот. Бројот на активни инфекции е намален на 118.633, додека во болниците се лекуваат 4.063 пациенти со ковид, од кои 409 се на респиратори. Од појавувањето на епидемијата, бројот на […]

Во ЕУ против Ковид-19 се вакцинирани над 78 проценти од граѓаните


Белгија – Повеќе од 78 отсто од возрасните луѓе во Европската унија се вакцинирани против коронавирус во изминатата година, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. – Пред точно една година, во Европа почна вакцинирањето против Ковид-19. Изминавме долг пат. Повеќе од 78 отсто од возрасните во ЕУ веќе се вакцинирани, рече шефицата на ЕК во видео обраќање. Според неа, вакцинацијата, […]

Следната година ќе биде критична за автократите во ЕУ


Следната 2022 година би можела да биде година кога ќе се прецрта картата на Европската унија. Со години, десничарските популисти освојуваа терен низ поновите земји-членки на ЕУ, инспирираа екстремно десничарски групи низ целиот континент и поттикнуваа стравувања за демократската иднина на Унијата. Во Унгарија, премиерот Виктор Орбан ја консолидираше својата моќ над медиумите и судството. Во […]

Објавена снимка од тинејџерот што сакаше да ја убие британската кралица


На интернет се појави снимка на која маж со маска и самострел се заканува дека ќе ја убие британската кралица. Се смета дека тоа е 19-годишник кого на Божиќ полицијата го задржа во дворецот Виндзор. Неговото име е Џасвант Синг Чејл. Тој ја испратил снимката на пријатели преку Снепчет, половина час пред вооружени полицајци да […]

Силно невреме и снег во Калифорнија, затворен дел од аеродромот во Лос Анџелес


САД – За време на божиќниот викенд, силно невреме предизвика виулици и ги затвори автопатите во планините во Северна Калифорнија и Невада. Метеоролозите предупредија дека патувањето во планините Сиера Невада може да биде тешко неколку дена. Затворени се 112 километри од меѓународниот автопат 80 од Колфакс, Калифорнија, до областа на езерото Тахо на границата со Невада. […]

Расте бројот на нападите врз христијаните во Индија


  Празничните прослави беа прекинати, статуи на Исус беа искршени, а фигурите на Дедо Мраз беа запалени во серија напади врз христијанската заедница во Индија за време на Божик. Во услови на зголемена нетолеранција и насилство против индиското христијанско малцинство, кое сочинува околу 2% од населението во Индија, неколку божикни настани беа цел на хинду […]

Нов Јужен Велс потврди прв смртен случај од Омикрон


Австралиската држава Нов Јужен Велс денеска пријави повеќе од  6.000 новозаразени со Ковид-19 и го потврди првиот смртен случај од новиот сој на вирусот – Омикрон. Нов Јужен Велс, најнаселената држава во Австралија, денеска пријави 6.324 нови инфекции, што е за 70 помалку од највисокиот број регистриран претходниот ден. Во болниците од Ковид се лекуваат […]

(Видео) Маж се заканувал со граната во трговски во Москва


Полицијата во Москва трага по непознат маж кој со бомба се заканувал на безбедноста во големиот трговски центар „Метрополис“ во руската престолнина. Безбедносните сили го уапсиле поради кражба, откако извадил предмет кој личи на граната. Во тој момент стражарите побегнале, додека во трговскиот центар настанала паника и стампедо. Како што може да се види на […]

Потрага по исчезнат брод со најмалку девет лица во близина на Венецуела


Брод со најмалку девет лица, кој отплови од островската држава Тринидад и Тобаго кон Венецуела, исчезна во морето и започната е потрага, соопштија спасувачките служби. Голем број бродови прават тајни премини меѓу двете земји, кои се оддалечени стотици километри, превезуваат илегални мигранти кои сакаат да стигнат до Тринидад и Тобаго, бегајќи од кризата во Венецуела, […]

Израел прв во светот почна со тестирање на четвртата доза од вакцината против Ковид-19


Медицинскиот центар „Шеба“ во близина на Тел Авив денеска го почна првото тестирање во светот на четвртата доза од вакцината на Фајзер/Бионтек против Ковид-19. – Најголемиот медицински центар во Израел и на Блискиот Исток ангажираше 150 вработени за истражувањето, а секој од нив прими трета, засилувачка доза, во август и сега нивното ниво на антитела […]

Расте бројот на жртвите во поплавите во Бразил


Расте бројот на жртвите од поплавите во Бразил, а илјадници луѓе се евакуирани. Бројот на жртвите од поројните дождови што од ноември ја погодија бразилската држава Баија вчера се искачи на 18. Катастрофата принуди 35.000 луѓе да се иселат, соопштија локалните власти. Пожарникарите од Баија ја потврдија смртта на 60-годишен маж кој се удавил во река на југот на државата. Најмалку две лица се водат како исчезнати, […]