Герашченко: Планот на Русија е да се пробие со тенкови до Киев


 Советникот на министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко изјави дека, планот на Русија за денеска е да се пробие до Киев со тенкови од правец на Иванков и Чернигов. – Најтешкиот ден ќе биде денешниот. Планот на непријателот е да се пробие со колони тенкови од Иванков и Чернигов до Киев, напиша Герашченко […]

Кулеба: Киев е погоден од „ужасни“ напади


Украинскиот министер за надворешни работи денеска објави дека главниот град Киев бил под „ужасни“ руски напади во текот на ноќта. „Последен пат нашиот главен град доживеа нешто слично во 1941 година, кога беше нападнат од нацистичка Германија.Украина го победи тоа зло и ќе го победи ова“, напиша Дмитро Кулеба на Твитер. Кулеба повторно повика на […]

Хронологија на настаните од вчерашниот ден од руско-украинската криза


–Настани што може да се потврдат од руско-украинскиот конфликт од вчерашниот ден – 25 Февруари 2022. Хронолошки распоред: Руски воени возила преминуваат од Белорусија во Украина на преминот Сенковка во Черниговската област. Руски воени возила го минуваат мостот кај Тавриск и Нова Каховка во јужната Херсонска област и руски воени хеликоптери летаат над тоа подрачје. […]

Вонреден самит на ЕУ: Построги санкции против Русија и стратегија за енергетско осамостојување


Лидерите на ЕУ околу 2 часот и половина утринава одржаа прес конференција на која ги презентираа главните заклучоци од вонредниот самит посветен на руската инвазија во Украина, јави дописничката на МИА од Брисел. Шефовите на држави и влади на ЕУ покажаа обединет фронт во момент кога Москва започна нова војна на европскиот континент. Како одговор […]

Најмалку 137 Украинци досега загинале во руската офанзива


Најмалку 137 Украинци загинале од почетокот на руската офанзива, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. – 137 херои, наши сограѓани ги загубија животите, рече украинскиот лидер во видео порака објавена на социјалните мрежи и на веб-страницата на украинското претседателство. Зеленски, исто така, рече дека во борбите биле повредени 316 Украинци. Украинскиот министер за здравство Виктор […]

Украинските сили ја повратија контролата на аеродромот кај Киев


Украинските власти доцна во четвртокот соопштија дека го одбиле рускиот обид да го заземе аеродромот Хостомел, кој се наоѓа на околу 10 километри од границите на градот Киев. Повторното заземање беше објавено и во украинскиот печат. Претходно во текот на денот, властите пријавија тешки борби околу Хостомел северозападно од Киев, каде што видео снимката покажува […]

Руските ракети паѓаат како дожд на Украина во првиот ден на инвазијата


  Украинските сили се бореа со руските војски на три страни во четвртокот, откако Москва изврши напад по копно, море и воздух во најголемиот напад на европска држава од Втората светска војна. Откако рускиот претседател Владимир Путин објави војна во телевизиско обраќање пред зори, во текот на утрото се слушаа експлозии и пукотници во Киев, […]

Првите бегалци од војната во Украина пристигнаа во Полска


Првите бегалци од Украина денеска по копнен пат и железница пристигнаа во Полска, членка на Европската унија, пренесува Бета. Редовен воз од Харков во источна Украина попладнево пристигна со неколку стотини патници во полскиот град Пшемишл, во близина на западната граница на Украина. Патниците од сите возрасти, со работи спакувани во торби и ранци, рекоа […]

Поранешни европски лидери со оставки од руски фирми поради Украина


Неколку поранешни европски лидери се повлекоа денеска од одборите на директори на руски компании по руската инвазија на Украина. Еско Ахо, кој беше премиер на Финска од 1991 до 1995 година, поднесе оставка од управниот одбор на Сбербанк, најголемата руска банка. „Работата по нападот стана невозможна за мене“, изјави тој за финскиот дневен весник „Илта-Саномат“. „Во […]

Бајден разгледува неколку опции за масовен кибер напад на Русија


Американските разузнавачки агенции му предложиле на американскиот претседател Џо Бајден неколку опции за извршување масовен кибер-напад, со кој „ќе ја спречи Русија да продолжи со операциите во Украина“, изјавија четири извори за Ен-Би-Си Њуз. Според нив, на Бајден му било понудено да користи американско кибер-оружје „од невидени размери“. Конечната одлука, како што соопштија двајца американски […]

Бајден: Путин е агресивен, избра војна и време е да ги почуствува последиците


Претседателот на САД, Џо Бајден, се обрати вечерва на нацијата најавувајќи ги новите мерки што ги презема против режимот на Владимир Путин со порака до граѓаните во земјите членки на НАТО – дека нема сомнение дека  ќе се активира членот пет , односно НАТО ќе се вклучи воено ако биде нападната некоја од земјите во […]

Антивоени протести во Русија, уапсени над 700 лица


Руската полиција приведе повеќе од 700 луѓе на антивоените протести во повеќе градови во Русија, откако претседателот Владимир Путин испрати војници да ја нападнат Украина, соопштија независни набљудувачи. „Повеќе од 735 лица се приведени во 40 градови“, соопшти ОВД-Инфо, која следи апсења на митинзи на опозицијата. Повеќе од 330 лица се приведени во Москва, соопшти […]

Борис Џонсон ги замрзна парите на руските банки во Велика Британија


  Британскиот премиер Борис Џонсон   го претстави пакетот „остри“ санкции против Русија, насочени кон банки, членовите на потесното опкружување на претседателот Владимир Путин и екстремно богатите Руси со имот во Велика Британија. Западните земји го координираат воведувањето остри санкции против Русија поради инвазијата врз Украина. „Овој одвратен варварски потфат на Владимир Путин мора да заврши […]

НАТО знаел од октомври дека Путин ќе ја нападне Украина


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, вечерва на Си Ен Ен соопшти дека во Алијансата уште од октомври имале информации дека Русија подготвува воена интервенција на Украина и дека се убедувале да ја спречат со дипломатски сретства. Столтенберг немаше одговор на заканата на рускиот претседател Владимир Путин дека, секој што ќе се обиде да и […]

Директорка на московски театар даде оставка, не сака да работи за „убиецот“ Путин


Скромни антивоени протести избија – и веднаш беа задушени – во неколку руски градови денеска , вклучувајќи ја и Москва, централниот град Челјабинск и Новосибирск во Сибир. Полицијата ги приведе демонстрантите во сите три града веднаш по нивното појавување. Исто така некои истакнати членови на руското граѓанско општество ја осудија војната. Познатите личности, вклучително и […]

„Ние не го сакаме ова“: Московјани реагираат на инвазијата врз Украина


  Темно, мрачно расположение го исполни московскиот воздух во четвртокот наутро, додека Русите се помируваа со фактот дека нивниот претседател започна широка воена офанзива насочена кон Украина. „Срам ми е за мојата земја. Да бидам искрен со вас, јас сум без зборови. Војната е секогаш страшна. Ние не го сакаме ова“, рече Никита Голубев, 30-годишен […]

Москва под хакерски напад, „урната“ страницата на Путин


Голем број веб-страници на руската влада, вклучително и онаа на претседателот на Русија Владимир Путин, т.е. на  Кремљ, е „урната“ од хакерски напад. Нападот е одговор на руските хакерски напади на украинските институции со кои сакаат да создадат паника во земјата и да ја отсечат воената команда. 

Давид против Голијат: Колкава е разликата во воената моќ меѓу Русија и Украина


Со оглед на тоа што Русија започна инвазија врз Украина, едно од клучните прашања во моментов е актуелно колку навистина може да се споредува воената моќ меѓу двете земји. Не треба да се има премногу знаење за актуелните настани за да се заклучи дека Русија е воено супериорна, но еве ги бројките. Русија има поголема […]

Мапа на руските пробиви според геолокациите


  Исклучително е тешко да се проверат информациите за тоа колку далеку напреднале руските трупи, бидејќи кружат многу лажни информации, но германскиот новинар на „Билд“, Јулијан Ропке, ја користи геолокацијата на достапните слики и видео снимки за да ја потврди позицијата на напаѓачките трупи. Тој ја објави оваа мапа на која се гледа напредокот на […]

Русите влегоа во Чернобил, можно е оштетување на складот за нуклеарен отпад


 Советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, Антон Черашченко, попладнево  изјави дека руските сили влегле во областа Чернобил. -Во борбите можеби е оштетен и објектот за складирање нуклеарен отпад, изјави советникот, а јави дописникот на американската телевизија Ен-Би-Си, Ричард Енгел. „Тие, додаде Герешченко, влегоа во зоната на Чернобил од територијата на Белорусија“.   Советниокот додава […]